Стилски облечена жена се обраќа со молба до отецот, кој седи до неа во авионот.
– Оче, сакам да ве замолам нешто… Купив подарок за мајка ми, електричен фен, но ми е страв дека е над лимитот и кога ќе слетаме на аеродромот ќе ми го конфискуваат. Можете ли да го скриете под мантијата? Тие вас нема да ве проверуваат.
– Добро, но да знаете дека ако ме прашуваат, јас не знам и нема да лажам. Подоцна на аеродромот цариниците го запираат отецот:
– Оче, дали имате нешто да пријавите?
– Од главата до половината… апсолутно ништо.
Цариниците се погледуваат сомнително.
– А од половината надолу?
– Само еден познат уред дизајниран за жени… никогаш некористен…
Цариникот:
– Следниот!

Сподели на Facebook
пати видено