На празниот селски двор седат мачорот, петелот и кучето. Петелот им вели:
– Уморен сум веќе од сè. Утре ве будам за последен пат и тргнувам на пат. Веќе кокошки нема, храна нема. А вчера кога поминав покрај кујната, слушнав дека требало да готват пилешко во сабота…
Мачорот воздивннува и вели:
– Да, и јас ќе тргнам со тебе. Кравата ја продадоа, ни млеко има, ни сирење. Сите глувци веќе ги изедов… Нема за што да седам…
Кучето срамежливо ги погледнува и вели:
– А јас ќе останам и оваа недела…
– Аман бе?!?!
– Да бе, вчера ја чув стопанката како се кара со стопанот. Таа му рече: „Ако и наредната недела не донесеш плата – ќе му ја лапаме на Шарко онаа работа!“… Пааа јас ќе си почекам…