Околу 150 агенти на Тајните служби на САД го сочинуваат обезбедувањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој Денот на благодарноста го празнува во американската држава Флорида.

tr

„Во моментот расходите за гарантирање на безбедноста на Трамп и неговото семејство достигнуваат два милиони долари на деноноќие и оваа сума дополнително ќе се зголемува ако новозибраниот претседател или неговата сопруга решат да патуваат“, соопштува американската телевизија Ен Би Си, цитирајќи документи од службата за обезбедување на претседателот. Целото семејство на Трамп брои осумнаесет члена ги вклучува сопругата Мелани, неговиот десетгодишен син Барон, четири полнолетни деца од кои три се во брак и осум внуци. „Нивното обезбедување е голем проблем“, заклучува Ен Би Си.

Тие трошоци ќе пораснат уште повеќе откако на 20 јануари Доналд Трамп ќе стапи на должност како претседател на САД. Тогаш неговото обезбедување ќе се зголеми на бројка од 920 души, при што ќе бидат вклучени агенти од Тајната служба, како и службеници на групите за поддршка во Вашингтон и Њујорк, кадешто во моментот се наоѓа предизборниот штаб на Трамп.

Трам го минува американскиот празник Денот на благодарноста во сопственото одмаралиште Мар-а-лаго во Флорида.

Сподели на Facebook
пати видено