58-годишната американска комичарка Елен Деџенерис и 43-годишната Порша де Роси се во брак од 2008 година, но се чини дека на нивната љубов ѝ дошол крајот. Медиумите пишуваат дека постојано се навредуваат и дека меѓу нив повеќе нема љубов.
„Се караат поради проблемите на Елен со алкохолот, гневот и расипништвото“, велат нивните пријатели. Имотот на Елен вреди околу 345 милиони долари, па како што тврдат таблоидите, ги чека еден од најскапите, но и „највалканите“ хомосексуални разводи во Холивуд.
Порша де Роси е актерка од Австралија најпозната по улогата на адвокатката Нели Портер во култната серија „Али Мекбил“. Оваа лезбејска двојка во последно време постојано е во караници бидејќи Елен не сакала Порша да работи, а актерката пак не сакала повеќе да ја игра улогата на „сопруга-трофеј“.
„Порша силно посакува семејство и деца, но Елен не сака ни да слушне за тоа. Елен е опседната со контролата врз нивниот живот и кариери, а Порша тоа веќе не може да го поднесува“, открива нивен близок пријател. „Иако веќе со месеци се шушка дека се разведуваат, овој пат навистина ќе го сторат тоа.“