Кинеските власти во наредните 6 години ќе го запираат ширењето на пустината Тенгер, која се простира на 36.700 km2. Процесот на запирање на ширењето на пустината веќе започна. Вредните Кинези почнаа да засадуваат зелен појас од растенија прилагодени да преживеат во суви и топли услови. Зелениот појас ќе биде долг 500 километри, а широк 1 километар.