Според ново научно истражување, возможно е човештвото да е „програмирано“ да биде религиозно, и причината за ова е наводно токму еволуцијата! Според професор на Оксфордскиот универзитет, стравот од боговите помогнал човештвото да се обликува такво какво што е денес. Ова би можело да значи дека религијата е резултат на еволуцијата. Имено, стравот од Бог можеби одиграл клучна улога во еволутивниот развој на луѓето.

rg

Ако верувањето за божја казна е толку длабоко врежана во свеста на луѓето, тоа се должи на еволуцијата, пишува Доминик Џонсон, експерт по еволутивна биологија и меѓународни односи во својата нова книга „Господ те гледа“.

Според неговата теорија, чувството дека се гледани од виша сила можеби била причината зошто нашите предци се однесувале помалку себично и биле повеќе подготвени да соработуваат и да си помагаат. Џонсон верува дека верувањето во божја казна ја поттикнало соработката меѓу луѓето, една од клучните особини која е во основата на еволутивниот успех на нашиот род. Исто така, тој објаснува и зошто стравот од казна станал толку значајна сила во религијата, поважна од други концепти како што се љубовта и алтруизмот. Според него, ова главно се должи на начинот на кој нашите мозоци воспоставуваат врски.

„Богобојазливите луѓе биле поспособни да избегнуваат предизвикување на гнев кај својот ближен, со што ја намалиле цената на санкциите во реалниот свет, истовремено жнеејќи ги наградите на соработката“, вели професорот. „Ова нуди неверојатен расплет на вечната дебата на религијата против науката – религијата не е алтернатива на еволуцијата, таа е производ на еволуцијата.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено