Актерката Ешли Џад, која ја знаеме по нејзините улоги во филмовите „Некој како тебе“, „Заборавен случај“, „Колекционер“ и други, зад себе има травматично минато. Уште како девојче била жртва на сексуално насилство. Додека била дете ја злоставувал постар маж, била силувана и како тинејџерка, а најстрашно од сѐ е тоа што ја силувале членови на сопственото семејство. За сето тоа Џад проговорила во својата книга „За сѐ што е горко и слатко“ (2011) во која меѓу другото открила и дека се борела со демоните на своето минато. Додека имала само четири години, нејзините родители се развеле. Сето тоа влијаело на Ешли која на возраст од седум години станала депресивна. Набргу за првпат станала жртва на злоставување. Од мала била изложена на сексуалните испади на нејзината мајка Наоми, која имала и физички пресметки со нејзините бројни љубовници.

ej

Наоми имала и пиштол, па така Ешли уште од мали нозе се играла со оружје, дури пробала и руски рулет. Откако во средно училиште победила на манекенски натпревар, добила можност да се тргне од нездравата средина во која живеела. Се спакувала и заминала во Јапонија, бидејќи мислела дека таму полесно ќе ги преболи траумите. Но, за време на патувањето била изложена на неморалните понуди на нејзиниот менаџер, а еден манекен се обидел да ја натера да има орален секс со него.

Неодамна таа како амбасадорка на добра волја на ОН одржа предавање на универзитет во Тенеси, САД, и на студентите им ги раскажала лошите искуства од нејзиното детство. Признала дека тоа ја довело до работ на самоубиство и депресија со која се бори и ден денес.Поради сето ова побарала помош од експерт во центар за рехабилитација во Тексас.

„Терапиите ми помогнаа да ги вратам спомените кои сум ги потиснала поради траумите. Благодарение на стручната помош успеав својот живот да го вратам во нормала“, открива актерката.

ej02

Покрај во книгата, траумите кои ги доживеала во детството ги споделила и на социјалните мрежи.

„Преживеав сексуално злоставување, силување и инцест. Благословена сум бидејќи во 2006 година луѓе кои минале низ истото ми помогнаа да закрепнам…Летото 1984 беше болно. Една возрасна личност двапати ме силуваше, додека друга возрасна личност непрестано ме злоставуваше, а еден маж притоа само стоеше и гледаше сѐ. Сега знам дека сето тоа било само затоа бидејќи му бил потребен сведок кој би го поткопал мојот исказ во случај да решам да пријавам сѐ. Во јануари читав за три случаи на силување, што некако влијаеше да се потсетам на уште една траума од периодот кога имав петнаесет години. Еден друг маж се обиде орално да ме силува…“, напишала Ешли која лузните од годините исполнети со злоставување ги криела длабоко во себе.

Сподели на Facebook
пати видено