Кога сите деца би биле воспитувани на овој начин, најверојатно светот би бил многу поубаво место за живеење. Главни ликови во видеото кое ќе го видите денес се Рон Алстон и неговата тригодишна ќерка Алија, кои имаат доста интересен ритуал за почнување на новиот ден. Секое утро овој татко од Вирџинија, САД, ја застанува својата ќеркичка со него пред огледалото и ја тера да повторува по него:

„Јас сум силна. Јас сум умна. Јас сум прекрасна. Јас многу се трудам. Јас почитувам. Јас не сум подобра од никој друг. Никој не е подобар од мене. Јас сум неверојатна. Јас сум супер.“

t01

Рон споделува дека ова го прави бидејќи верува дека овој едноставен ритуал ќе помогне неговата ќерка да израсне во среќна личност полна со самодоверба. За да им помогне и на другите родители, тој решил да го качи видео клипот на својот Фејсбук профил. Видеото било видено повеќе од 17 милиони пати и е проследено со изобилство коментари во кои му заблагодаруваат за споделенето.

t02

Рон додава дека неговиот татко го правел истиот ритуал со него и благодарение на тоа тој израснал со чувството дека може да се справи со каква било тешкотија во животот. Многу е важно децата да израснат со силна самодоверба и да најдат рамнотежа помеѓу самоувереноста и скромноста. Животот понекогаш знае да биде суров и за да се справат со тешкотиите, важно е да се свесни дека се уникатни и неповторливи живи суштества.

Сподели на Facebook
пати видено