До таму се стигнува само по козја патека покрај Бањска Река, некогаш блиску до вода, некогаш над неа, а кога патот ќе заврши и има угорница која само диви животни можат да ја искачат, а таму мала дрвена колиба, која го крие влезот во скривницата. Некој од излетниците ја скршил вратата, па сега секој може да влезе во скривницата и да се прошета. Внатре сѐ е во бела боја, потемнети ѕидови и многу ходници. Има и стара електрична инсталација, од пред педесетина години. Вистински лавиринт од ходници и тунели, темница, страв. Во средината чешма со корито и вода. По неколку ходници има соби со патос и инсталации за свеж воздух и линии за телефон и телеграф. Но, сите се празни, нема мебел, а нема ми траги дека некогаш имало. При крајот, мало тунелче со метални скали, што водат на врвот на планината.
Благодарност до Виолета Павловска
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.