Уметницата Лиза Парк смислила интересна уметничка форма. Нејзиниот уметнички перформанс се нарекува Еуноја – збор скован од грчката придавка „еу“ (добро) и „нус“ (ум), и се преведува со „убаво мислење“, „добра волја“, „љубезност“ и сл. Таа употребува 48 садови со вода, кои соодветствуваат на 48 чувства кои реагираат на емоционалните мозочни бранови кои ги испушта нејзиното тело, а кои се регистрираат со помош на сензори (Електроенцефалографија, или ЕЕГ, претставува дијагностичкa методa кој ја покажува биоелектричната активност во мозокот).
Со овој метод се мерат фреквенциите во нејзината мозочна активност (алфа, бета, гама, делта, тета), кои кои се поврзани со нејзината состојба на свеста. Податоците собрани со помош на ЕЕГ се претвораат во звучни вибрации со помош на компјутерски софтвер. Имено, информациите за нејзината мозочна активност се се праќаат во програмата Processing, кој преку програмскиот јазик MaxMSP прима податоци и произведува звук од Reaktor.
Погледнете го нејзиниот перформанс и уверете се за сѐ уште неистражената моќ на човечкиот ум.