– Какви прикаски ти раскажуваа твоите родители за добра ноќ?
– Кога ќе завршиш факултет, нема да работиш, а ќе земаш голема плата.
– – – – – – –
Си седи Али Баба и тресе тепих со еден стап. Поминува Аладин и го прашува:
– Не пали, а?
– – – – – – — Завршив со шминката…
– Немаш потреба од шминка!
– Благодарам на комплиментот мажу, си се променил!
– Имаш потреба од пластична операција!

– – – – – – –

Директорот влегува на час и го води новиот ученик, кој дошол од Кина. Ученикот се претставува пред учениците:
– Моето име е Чин Чанг Цунг. Во превод, тоа значи „Син на седум татковци“.
Зоки Поки размислува на глас:
– Така и си мислев!
Директорот:
– Што сакаш да кажеш?
Зоки:
– Не може да се добие толку жолта боја само од две јајца!

– – – – – – –

– Мислам дека ти здосадило од мене!
– А зошто мислиш така?
– Не знам, но сигурна сум во тоа.
– Отсекогаш ме зачудувала женската логика – таа не знае, но сигурна е!!!

– – – – – – –

Мајката:
– Сине, каде беше синоќа? Се загрижив…
– Бев во стриптиз клуб…
– И… виде ли нешто што не требаше да видиш?!
– Да… Тато…

– – – – – – –

– „Во љубовта треба да си упорен!“ – Помисли мравката и ѝ ја крена првата нога на стоногалката.

– – – – – – –

Оглас во весникот Трето доба:
„Барам добар маж со сопствен апарат за мерење крвен притисок.“

– – – – – – –

Разговараат двајца лудаци:
– Ти зошто не работиш?
– Па бидејќи сум луд.
– Но има многу луди кои одат на работа.
– Е, толку луд не сум.

– – – – – – –

Се среќаваат двајца пријатели:
– Како си пријателе, одамна не сум те видел?
– Па што да ти кажам, како Барак Обама сум.
– ?!?!
– Барам работа…

– – – – – – –

– Добар ден! На телефон е учителката на вашиот син. Сакам да ви се пожалам дека тој многу измислува и лаже.
– Ви верувам госпоѓо. Ние немаме син.

– – – – – – –

Ако Трамп го изгради ѕидот, Мексиканците ќе си го изберат Ел Чапо за претседател, поради неговото искуство со копање на тунели.

– – – – – – –

Сонцето сјае, птичките пеат. Клупа. Двајца вљубени си шепотат и потоа… Страствен бакнеж…
– Драги, изгледа ти ја голтнав маситката…
– Не, не, само сум малку настинат…

– – – – – – –

Пијан маж ѕвони на вратата на сопствениот стан. Му отвора сопругата.
Тој влегува, ја затвора вратата и вели:
– Јас сум за шести…

– – – – – – –

– Брат, знаеш ли која е сличноста меѓу перде и жена?
– Што брат?
– И од двете не можеш да видиш бел свет …

– – – – – – –

– Тато, тато, кога е празникот на таткото?
– Кога мама не е дома, сине

– – – – – – –

Седам пред ТВ, зјапам, а жената од кујната ме прашува нешто за другарка ѝ Валерија. Јас слушнав за „батерија“, па и одговорив дека вчера сум ја наполнил за два часа. Последно што се сеќавам е како тавата лета кон мојата глава!

– – – – – – –

Направено е истражување меѓу 500 жени, чиј бакнеж е посладок: на мажот или на љубовникот. 300 одговориле дека на мажот, а 200 на љубовникот. Но ниту една не одговорила: „Не знам“. 🙂

– – – – – – –

– Што правиш?
– Си ја гледам својата работа.
– И…
– И предлагам и ти да го правиш истото.

– – – – – – –

Дали да пијам днес:
а/ Да!
б/ А!
в/ Б!

– – – – – – –

– Ице ти не ли се ожени со Ема?
– Не, не ми прифати. Монгу сум бил сиромав.
– А ти и кажа ли дека имаш многу богат дедо?
– Ѝ кажав.
– И?!?!
– Сега ми е баба.

Сподели на Facebook
пати видено