Здраво дечки јас сум Никола Михајловски имам 26 години, работам во Кромберт и Шуберт. Убо е!!!
Јас иначе сум голем фан на најјакио на сите времиња Тома Здравковиќ(Ко шо велат на вестите). Јас слушам рап музика, ама сепак Тома си е бате Тома.
Ремек делата на Тома Здравкович неможи да се сврстат во ниту еден жанр, не се ни народно ни турбо фолк, тие се просто уметнички дела, а Тома е легенда. А исто така неможи секој да ги свати оти тие се, и веќе научно докажано, чиста психоделика. Делата или песните на царо се штеловани да неможиш да ги сватиш ако немаш над0.8 промиљи на алкохол во тебе, нема теоретска шанса да сватиш. Тие се така добро штеловани шо и самио Тома дури не се испијани неможеше да ги испеј, ЦАР.
Постој една теорија на заговор дека Тома бил поврзан со комората на Кафанџии и зато сите песни биле така поддесени за да мора да се пие. Најчесто во песните на Тома главната улога ја толкува жена шо и додатно дава логика на теорија,а тука можат да се сретнат многу многу женски имиња, Јелена, Љиљана,Бранка,Сања,Марија, а има и една песна која е направена за некоја непозната циганка, а јас пак сум сигурен дека ова песна е штелована за над 1промил алкохол, а Мајсторо да ги опфати сите, има напраено и песна за тие шо се relationship status single, а песната се вика Остао сам сам, шо теоријата на заговор ја прај уште поверодостојна.
Во оваа прилика ќе се обидам да ги издвојам неколку за мене најстрашни песни на сите времиња.Нема чоек шо не се пали на Ночас ми срце пати,Црно вино, Дотако сам дно живота,Киша је падала и многу други дела од мајсторо.
Исто така морам да ја забележам Тужно лето. Оваа песна остај шо е најслушаната на сите времиња од мајсторо, туку е исто така многу контраверзна. За оваа песна фамилијата Здравкович е во судски спор со композиторо на песната Summertime sadness, воизведбанаЛанаДелРеј. Ама сепак се докажа дека не станува збор за плагијат бидејки композиторо на песната не е алкохоличар туку наркоман, па така нема шанси да има разбрано шо сака да кажи легендата во неговата оргиналната песна.
А исто контаверзна песна е и Она плаче, он је нежно љуби. На прв поглед песната изгледа како да е праена за силовање, но со две до три ракии се ќе си легни како шо треба и песната ќе ви стани една од најомилените.
Сега пријатели морам јас да одам, а за сите ученици независно дали во средно или основно, имам еднен предлог за состав по Македонски на тема Есен. Ви препорачувам да ја преслушате песната “Tужно лето “и комотно да го препишите текстот, “Ево веч је Јесен а тебе још нема, сигурно си негде другу љубав срела, а ја сиву Јесен замених за лето, па прекљињем тебе и то тужно Љето” ама да напоменам, ако учитело не е пијаница единицата не ви бега, значи мора учитело да биди пијаница за да го свати тексто!!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак