Историјата на сопрузите Даниела и Мет Дејвис е неверојатна. Тие силно се вљубиле еден во друг и логично се стигнало до свадба. Но, судбината не им била блаконаклонета – половина година по свечената церемонија, Мет доживеал жестока катастрофа со својот моторцикл, завршувајќи со голем број тешки фрактури и паѓајќи во кома. Лекувањето не дало големи резултати и така тој три години бил приклучен на апарати за одржување во живот. Тогаш лекарите на Даниела ѝ ја кажале суровата вистина – нивните можности за дејствување се исцрпени и нивниот совет е таа да реши дали засекогаш да го исклучи Мет од апаратите. Даниела сите тие години е крај својот сопруг и прави само едно – се моли на Господ.

md01

И еден ден се случува чудо! На општо изненадување, Мет се буди и изговара само два збора: „Се трудам!“ Го преместиле во семејниот дом, каде што Даниела со месеци е постојано со него, продолжувајќи силно да се моли и закрепнувањето тргнува – мачно и бавно, но напредок има. Лекарите се запрепастени и случајот го нарекуваат „без преседан.“ Но, верниците во Бог имаат само едно објаснување – тие во трогателниот случај на семејството Дејвис гледаат доказ дека сепак има виша сила.

md02

Сподели на Facebook
пати видено