Познато е дека топ-манекенката Линда Евангелиста кажала дека не излегува од кревет за помалку од 10 000 долари дневно. Не мора ни да се коментира што значи таа сума за еден просечен македонски граѓанин. Но, во светот на супер-богатите луѓе, дневницата која ја бара Евангелиста може да изгледа и доста скромно. На пример, Денис Котс, која мината седмица била именувана за најдобро платената бизнисменка во Велика Британија заработува по 374 500 евра – дневно!
Ви претставуваме листа на петте најбогати жени во Велика Британија.
1. Денис Котс, 49 години
Дневна заработка: 374 500 евра
Проценето стекнато богатство: 1,9 милијарди евра
Како го стекнала: Пред 15 години ја основала Bet365, веб страница за обложување и сега, благодарение на тоа, таа е најбогатата жена во Велика Британија која самата го стекнала своето богатство.
2. Нејзиното величество, кралицата на Велика Британија, 90 години
Дневна заработка: 172390 евра
Проценето стекнато богатство: 400 милиони евра
Како го стекнала: Британската кралица не е најбогатата жена во нејзиното кралство. Нејзиното богатство се проценува на околу 400 милиони вра, во што влегуваат 70 милиони евра инвестициско портфолио, 150 милиони кои ги наследила од нејзината мајка, како и колекција поштенски марки со вредност од повеќе од 70 милиони евра. Покрај тоа, таа има имот во вредност од околу 30 милиони долари и секоја година и се исплаќа „кралски грант“.
3. Кејт Мос, 42 години
Дневна заработка: 12 800 евра
Проценето стекнато богатство: 64 милиони долари
Како го стекнала: Според манекенските стандарди веќе во поодмината возраст на 42 гоини, Кејт Мос е сѐ уште една од најплатените манекенки во светот, според ранг-листата на Форбс. Имено, таа се наоѓа на 13-тото место со годишен приход од 4,6 милиони евра, благодарение на своите рекламни кампањи за лажниот тен Сен Тропе и колекцијата за нега на коса Керастас, како и за модната куќа Манго, парфемот Диор Адикт и др.
4. Натали Масене, 51 година
Дневна заработка: 318 708 евра
Проценето стекнато богатство: 157 милиони евра
Како го стекнала: Поранешната американска новинарка ја основала својата веб страница за мода Нет-а-Портер од својот стан во Челси, пред 16 години, при што артиклите кои ги продавала ги чувала во кадата. Набргу нејзините црно-кремасти кутии украсени со лента станале многу популарни. Во 2010 година продала акции во вредност од 60 милиони евра, а минатата година кога Некс-а-Портер се споил со Јукс, добила уште дополнителни 116 милиони евра.
5. Кара Делевин, 24 години
Дневна заработка: 21 980 евра
Проценето стекнато богатство: 16,8 милиони евра
Како го стекнала: Кара веќе ја надминува Кејт Мос во поглед на годишната заработка. Својата кариера ја започнала појавувајќи сео во реклами за чоколадите Кадбери уште како девојче. Оттогаш се појавила во рекламните кампањи на H&M, Шанел и Барбери. Покрај тоа, таа се шета на модната писта за Долче и Габана и Викторијас Сикрет, а во 2012 ја играше кнегиња Сорокина во филмуваната верзија на „Ана Каренина“ на Толстој.