Муслиманка јавно образложила зошто избрала да гласа за Доналд Трамп на последните избори за претседател на САД, велејќи дека Трамп го добил нејзиниот глас поради својот цврст став против исламскиот екстремизам. Азра Номани од областа Ферфакс, Вирџинија, вели дека таа не е „бел супрематист“, туку всушност е „обоена“ жена која решила да го поддржи кандидатот на републиканците.

nm01

Во својата статија објавена во Вашингтон Пост, г-ѓа Номани раскажала како во себе сѐ повеќе наоѓала поддршка за ставовите на милијардерот кој предизвика вистинска бура во американската јавност, но своите убедувања морала да ги чува во тајност, стравувајќи од осуда и гнев. Самохраната мајка вели дека пред осум години таа го поддржувала Обама, но оваа година застанала зад гласачкиот параван и својот глас го дала за Трамп.

nm02

Таа пишува дека според неа како самохрана мајка, мерките на Обама познати како „Обамакер“ ја изневериле и неа и многумина од нејзината заедница.

„Секој ден гледам како руралната Америка и обичните Американци како мене како по осумте години на власт на администрацијата на Обама се мачат да сврзат крај со крај.“

nm03

Таа вели дека по поразот на Клинтон нејзините пријатели објавиле статуси на социјалните медиуми дека „се срамат од тие кои гласале за Трамп“. Номани ги поддржува истополовите бракови и не ги споделува неговите гледишта за имигрантите, и очигледно – муслиманите. Како резултат на тоа, многумина би претпоставиле дека таа би требало да биде против Трамп, но тоа не е така.

И покрај неговата реторика, една од најголемите причини зошто во вторник решила да гласа за републиканецот е тоа е неговиот цврст став во поглед на исламскиот екстремизам. Таа смета дека после меките ставови на Обама и Клинтон, и покрај тоа што ветувањата на Трамп се „неделикатни“, сепак се многу потребни.

„Како либерална муслиманка која од прва рака го искусила исламскиот екстремизам во овој свет, јас се спротивставувам на одлуката на претседателот Обама да игра по свирката на `исламот` во Исламска Држава“, пишува таа. „Мораме да се исправиме со морална храброст не само против омразата кон муслиманите, туку и против омразата на муслиманите, за секој да може да живее со сукхун, т.е. во мир.“

nm04

По објавувањето на нејзината колумна, Номани добила голем број пораки во знак на поддршка кои доаѓале од поддржувачи на Трамп коишто исто така биле присилени да молчат за нивниот избор.

„Добивам директни пораки, имејли и пораки на Фејсбук од пристојни луѓе кои исто така го држат во тајност својот глас“, напишала таа на Твитер.

Но, покрај позитивните пораки, таа исто така била бомбардирана и со пораки полни омраза од страна на противници на Трамп.

Сподели на Facebook
пати видено