Возач на камион од Јута, САД, се изјаснил виновен по однос на обвинението дека во својот камион „Самрак Експрес“ заробувал жени кои ги искористувал како секс робинки. 56-годишниот Тимоти Џеј Вафеадес, наречен „вампирот камионџија“ сексуално ги злоставувал и брутално ги тепал своите жртви речиси секојдневно, откако претходно ќе ги заробел во неговиот камион. Исто така, им ги стружел забите за да личат на вампирски заби.

vf01

Една од жените на суд раскажала дека нејзините маки започале кога се качила во неговиот камион откако тој ја поканил на вечера. Кога видела дека не одат кон никој ресторан, таа се загрижила, по што тој ѝ кажал:

„Сега те имам. Моја си“. Камионџијата опседнат со вампири го контролирал секој аспект на нејзиниот живот, дури и тоа како вршела нужда.

„Се чувствувам среќно што денес воопшто можам да зборувам“, додавајќи дека Вафеадес ја силувал и ја тепал со ремен за време на нејзиното тримесечно заробеништво.

vf02

Вафеадес одржал долг, емотивен говор во кој се извинил за своите недела.

„Жал ми е поради мојот живот, жал ми е што не успеав да сфатам какво чудовиште сум“, изговорил тој, липајќи.

Судијата Дејвид Нафер изјавил дека злоставувањата кои ги претрпеле жените се едни од најужасните за кои воопшто слушнал во неговата кариера.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено