Слепата пророчица која го предвидела нападот на кулите близначки и појавата на ИСИС исто така предвидела дека Барак Обама ќе е последниот американски претседател. Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“ точно предвидела дека четириесет и четвртиот американски претседател ќе биде афроамериканец. Но, не е јасно што Баба Ванѓа мислела кога кажала дека тој ќе биде и последниот американски претседател, а досега нејзините предвидувања се оствариле со точност од 85 отсто.

bv01

Обама технички останува претседател на САД сѐ додека Трамп не положи свечена заклетва на 20 јануари 2017. Баба Ванѓа предвидела дека четириесет и четвртиот американски претседател ќе биде црнец и дека тој ќе биде последниот. Таа кажала дека во времето кога тој ќе стапи на должност ќе се случи неверојатна економска криза.

„Сите ќе имаат надеж во него, но ќе се случи спротивното. Тој ќе ја уништи земјата и ќе ескалираат судири меѓу северните и јужните држави“, кажала таа.

bv02

Баба Ванѓа исто така зборувала и за некоја месијанска личност, но не оставила многу знаци кој би бил миротворецот кој ќе воспостави траен мир. Се вели дека Баба Ванѓа направила стотици предвидувања во текот на нејзиниот живот, вклучително и тоа дека ќе има „голема муслиманска војна“ која ќе започне со Арапската рполет во 2010. Предвидела дека ќе се случи во Сирија и дека ќе заврши во 2043 година со основањето калифат чијшто центар ќе биде Рим. Таа наводно кажала дека Европа „ќе ја снема“ до крајот на следната година, при што континентот ќе остане „речиси празен“, „пустелија речиси без никаков живот.“

bv05 bv06

Ова страшно предвидување ги вознемирило теоретичарите на заговор кои посочуваат кон активностите на ИСИС во Европа. Нејзините следбеници велат дека таа го предвидела големото цунами во 2004, предвидувајќи „голем бран“ кој „ќе покрие голем брег со луѓе и градови и сѐ ќе снема под водата.“ Во 1989 година таа кажала дека „Американски браќа ќе бидат нападнати од две челични птици“, што многумина сметаат дека се однесува на нападот врз кулите близначки на 11 септември 2001 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено