Според најновите анкети, Британките станале шампионки во употребата на нецензурирани изрази и пцујат 10 пати повеќе од мажите. Истражувачите тестирале 376 доброволци, кои им доставиле аудио снимки од нивните секојдневни разговори во траење од три часа. Од собраните 10 милиони зборови се видело дека дамите денес го употребуваат карактеристичниот збор за означување на полов чин 500 проценти почесто во споредба со 90-тите години на минатиот век.

pc

На 1 милион зборови, дамите го употребиле нецензурираниот глагол 546 пати, а мажите – 540. Специјалистите истакнуваат дека во Обединетотот Кралство се забележува исчезнување на џентлменството кај мажите и на прикладниот дамски збор кај жените. Според нив, ова се должи на поголемата присутност на ласцивното изразување во медиумите, во споредба со 1990-тите.

Сподели на Facebook
пати видено