И додека Анџелина Џоли и Бред Пит ги полнат медиумите со нивниот развод, Џенивер Анистон во последно време го прави истото со походот против објективизација на жените и половите предрасуди. Откако напиша есеј за Хафингтон Пост во кој таблоидите ги осудува за сексизам и ставање на жените во стереотипите на мајстинството и мајчинскиот статус, сега на таа тема проговори и во интервју за списанието „Мери Клер“.
Појавувајќи се на насловната страница на списанието, актерката раскажува за тоа какви сѐ навреди мора да трпи речиси на дневна основа и какви проблеми и нанеле трачевите. Сето тоа, како што вели, повлијаело на тоа да престане да слуша.
„Ме понижуваа кога бев во брак, потоа кога се разведував, па потоа кога бев сама, а тема за коментари се често моите гради. Не ми е јасно зошто жените ги гледаме исклучиво низ призмата на сексуалните односи и зошто тоа воопшто го слушаме“, се прашува Анистон.
По речиси 30 години во шоубизнисот, Анистон со право вели:
„Премногу се трудев во овој живот и кариерата за на крај некој да ме сведе на кутро човечко суштество без деца.
Жените се многу повеќе од тоа какви се во односите, било да се работи за љубовниот однос или за децата“, потсетува актерката и споделува дека Џастин Теру е сѐ што таа би барала во еден маж.
„Се чувствувам обожувано во секој миг, без разлика на тоа како изгледам или се чувстувам. Не постои ниту еден дел од мене кој би ми било страв да му го покажам, а тој од мене го извлекува најдоброто и тој многу ми значи“, вели таа, додавајќи дека се чувствува достаточно сигурно за нови предизвици.
„Се наоѓам на некаков крстопат каде се обидувам да сфатам што е тоа што вистински ме придвижува и вдахновува. Тоа што порано ме задоволувало можеби веќе не ме задоволувам. Во овој миг најголем предизвик ми е да откријамм што е тоа што најмногу ме развеселува.“