Двојка Британци признаваат дека се пресреќни откако го замениле нивниот „нормален, здодевен живот“ во Велика Британија за еколошки живот во Унгарија. Џулија Прајк и Гарет Шон не знаеле ниту збор на унгарски кога за 3400 евра ја купиле трошната селска куќа во малото село Гадач во Унгарија.

un01

Парот решил да го напушти својот дом во Беркшир, каде што Џулија работела како фризерка, а Гарет како чевлар, за да започнат нов аскетски живот. Сега брачниот пар живее едноставен живот на оддалечен имот заедно со нивното куче Пепер, и се нафатиле самите да извршат темелни поправки на куќата.

un02

Се капат во единствениот надворешен туш, и покрај студеното време зиме, користат соларни панели за загревање и имаат една надворешна чешма. Кога за првпат пристигнале, морале да готват на оган, но сега имаат печка на дрва која ја купиле за 80 евра. Сега за сега трошат до седум евра дневно и планираат и овој износ да го намалат, намалувајќи ги нивните трошоци за храна така што ќе почнат да произведуваат сопствен зеленчук и да чуваат кокошки и зајци.

un04

Гарет признава дека кога првпат пристигнале на фармата која претходно била напуштена пет години, се прашувале дали не направиле огромна грешка.

„Кога дојдовме тука, добив напад на паника и се прашував дали ја направив најголемата глупост како што сите ни велеа во Британија“, вели тој. „Првите пет месеци беа најтешки, додека се трудевме да спречиме куќата да ни падне на главите.“

un07

Нивните родители исто така не се согласувале со нивната одлука, сметајќи дека тоа воопшто не е во согласност со начинот на кој тие биле одгледани, но сега тие велат дека просто не можат да бидат посреќни со нивниот нов живот.

 

Сподели на Facebook
пати видено