Моторот кој работи без гориво, за кој се сметало дека е невозможно да се создаде, е можеби на чекор поблизу до реалноста, како што стои во документи на НАСА кои неодамна протекоа во јавноста. Наречен EM Drive, моторот еден ден би можел да го има потенцијалот да однесе човечки екипаж на Марс за само десет седмици, без да употребува конвенционално ракетно гориво или нуклеарен реактор. Последниот извештај опишува серија успешни тестови спроведени од Вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Тексас.

ns01

Експерименталниот погонски систем предизвика придвижување кое според законите на физиката не би требао да се случи. Традиционалните ракетни мотори користат хемиско гориво кое се согорува и исфрла. Во безвоздушниот вакуумски простор на вселената, ова функционира според Третиот Њутнов закон за движењетп- се создава потисок преку ифрлање маса во вселенскиот вакуум. Но, во случајот со ЕМ Драјв, не се употребува гориво. Наместо тоа, овој дизајн создава потисок со помош на светлосни честички и микробранови кои се одбиваат во затворена конусоидна комора. Движењето генерира потисок во тенкиот крај на конусот, што го придвижува моторот нанапред.

ns02

Документот првин протекол на Форумот за вселенски летоиви на на НАСА, од страна на австралискиот учесник Фил Вилсон, но потоа тој бил отстранет од администраторите на форумот.

ns03

Сподели на Facebook
пати видено