Според контроверзна книга напишана од познат еколог и природонаучник, луѓето не еволуирале во рамките на живиот свет на Земјата. Всушност, како што тврди тој, човештвото не еволуирало од ниту една животинска гранка, туку развојот се случил на некое друго место и потоа било пренесено на оваа планета, како целосно развиен хомо сапиенс. Ова се случило во периодот од пред 60 000-200 000 години. И тука се наметнува прашањето: Што ако цело време трагаме по вонземјани не знаејќи дека всушност вонземјаните сме ние? Нова теорија предложена од д-р Елис Силвер тврди дека има повеќе знаци кои сугерираат дека луѓето еволуирале некаде во вселената и потоа биле донесени тука.

vn01

Книгата „Луѓето не се од Земјата“ е книга која се спротивставува на општоприфатената теорија за еволуцијата на човекот. Нејзиниот автор д-р Елис Силвер разгледува тринаесет водечки хипотези и седумнаесет чинители според кои наводно луѓето не се од Земјата. Еве некои од неговите аргументи….

Човештвото е наводно најразвиениот животински вид на планетата, а сепак, човекот изненадувачки е најнеприспособен за животната средина на Земјата: изложеноста на сонце може да има штетни последици, силно недопаѓање на храната во нејзиниот изворна, природна форма, ужасно висока стапка на хронични заболувања и др., вели д-р Елис. Според него, луѓето можеби страдаат од болка во грбот бидејќи нашиот род првично еволуирал на друга планета со помала гравитација. Друг чуден, но силен показател е тоа што новороденчињата имаат големи глави што го отежнува пораѓањето на мајките и што може да резултира во фатален исход и за мајката и за детето. Според д-р Елис, ниеден друг животински вид на планетата го нема тој проблем.

Исто така, човечките суштества не се опремени да бидат изложени на сонце подолг период, за разлика од други живи суштества како гуштерите. Тој истакнува дека луѓето се речиси постојано болни и ова можеби се должи на тоа што нашите биолошки часовници се еволуирани да очекуваат деноноќие во траење од 25 часа наместо 24. Според Елис, ова не е модерна појава, бидејќи истото може да се следи низ целата човечка историја.

Тогаш, од каде доаѓаме? Според д-р Елис, во далечното минато неандерталците веројатно биле вкрстени со друг вид, можеби од соѕвездието Алфа Кентаур – кој е најблискиот ѕвезден систем до Земјата, со што настанале современите луѓе. Елис тврди дека има милиони луѓе на планетата кои „чувствуваат дека не припаѓаат на Земјата.

„Ова ми сугерира дека човештвото еволуирало на друга планета, и можеби сме донесени овде како високо развиен вид. Една причина за ова е…можеби Земјата е планета-затвор, бидејќи ние природно сме насилни суштества и можеби сме овде додека не научиме да се однесуваме како што треба“, вели д-р Елис.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено