Жена од Нов Зеланд била спасена од напуштен остров во близина на Окланд откако ненамерно го запалила во обид да сигнализира за помош. Жената на полицијата објаснила дека допатувала на островот, кој е природен резерват на пет километри од источното крајбрежје на Окланд, и таму останала три ноќи. Околностите околу тоа како се нашла таму остануваат нејасни.
„Таа палела мали огонови кои потоа ги гаснела, со цел да го привлече вниманието на чамците и бродовите кои минувале, но вчерашниот оган се распространил поради силните ветрови“, вели наредник Тони Меккензи.
Полицијата пратила патрола за да ги истражи чудните огнови и ја нашле жената засолнета во една колиба. Пред да биде совладан, пожарот се распространил на површина од 13 хектари.