Властите во кинескиот град Шенжен смислиле оригинален и ефикасен начин да ги казнат шоферите кои ноќе возат со постојано вклучени долги светла. Освен што ги казнува со парична казна од 300 јуани (околу 40 евра), прекршителите ги тераат да седнат на стол или да клекнат и потоа во нив вперуваат фар со вклучено долго светло во траење од една минута.
Во вторник во градот во периодот меѓу 20 и 22 часот близу 1000 прекршители биле запрени на 100 контролни пунктови – првиот ден на експериментот, соопштува централната кинеска телевизија. Еден од казнетите, откако една минута морал да гледа во силното светло, изјавил: „Очите ми ослепеа. Никогаш повеќе нема да дојдам во Шенжен!“