Во Савил Таун во Јоркшир, Велика Британија, останале уште само – 48 бели Англичани, а и тие се пакуваат, бидејќи нивните соседи од арапско потекло јасно им ставиле до знаење дека повеќе не планираат да ги толерираат. Ако појдете во Савил Таун, ќе се чувствувате како во некое провинциско гратче во руралните делови на Авганистан. Освен затекнатата архитектура, таму веќе и нема траги на англиската присутност. Според последниот попис од 2011 година, Савил е етнички најчистиот град во Англија, а можеби и во Европа. Англичани има едвај нешто над 1%, а 99% од граѓаните се муслимани од азиско потекло. Поточно кажано, од 4033 жители, само 48 биле Англичани по потекло. Денес, пет години подоцна, ги има уште помалку, а до следниот попис во 2021 година, сигурно нема да остане ниту еден.
Никој на улица не говори англиски, ниту воопшто го знаат јазикот на земјата во која се наоѓаат. Повеќето жени носат бурки, а тие кои не носат, носат марами. Повеќето од овие жени не сакаат да имаат никаков контакт со луѓе кои не припаѓаат на нивната култура и не се муслимани. А речиси сите од нив допаутвале во Англија за да се омажат за „Британци“ кои емигрирале од јужна Азија. Нивните слободи се строго ограничени и британските закони кои ги заштитуваат правата на жените овде не важат. Тие ги одгледуваат нивните деца, готват за семејството и ретко излегуваат од куќи, и тоа главно во локалната џамија која организира дружења единствено за жени – било каков контакт со мажи кои не се членови на нивното семејство им е строго забранет. Со џамијата управува Деобандис, исламска секта која на следбениците им забранува било какво мешање со христијаните, Евреите и Хиндусите, а не пак со атеистите.
Нивните предци во Савил дошле како евтина работна сила во локалните текстилни фабрики по кои е познат Јоркшир. Купиле куќи и потоа во нив почнале да отвораат дуќани во кои продавале бурки, килими за молитва и парфеми без алкохол, кој нивната вера им го забранува. Наскоро изградиле и џамија за 4000 луѓе. Нешто подоцна воспоставиле и шеријатски суд, кој по кратка постапка и ги спроведува слогите исламски закони. Тој суд неодамна беше силно критикуван во Горниот дом на британскиот парламент поради дискриминација на жените при развод, но исламските судови имаат силна поддршка кај англиските либерали, коишто таа нерамноправност, доколку би била присутна кај припадници на западната кутлура, би ги згрозила, но во овој случај гледаат културна разновидност.
Сју Рид, која го посетила овој град за да напише репортажа за него, вели (и го потврдува тоа со фотографија) дека дури и жената која продава сладолед од камион носи бурка, и тоа среде лето. Машките деца главно се образоваат во џамија, каде што го учато Коранот на памет. Девојчиња најверојатно не се школуваат, а секое девојче кое таа го сретнала, дури и шестгодишните деца кои се играле во паркот, биле замотани во хиџаб, од глава до пети.
Осум од некогашните девет пабови се затворени, бидејќи никој не пие алкохол. Фризерскиот салоне одамна затворен, како и западњачките дуќани со намирници и облека. Соочени со тоа, белците почнале да се иселуваат. Отпрвин полека, а потоа како лавина, едноставно се иселиле. Набргу, некогаш идиличното гратче во Јоркшир се претворило во џихадистичко легло и почнало да живее свој живот сосема изолирано до Англија која го опкружува. Во меѓувреме градот дал и неколку истакнати бомбаши – самоубијци кои загинале борејќи се за ИСИЛ во Сирија. Исто така, Мухамед Сидик Кан, водачот на бомбашките напади во Лондон на 7 јули 2005 година, при што биле убиени 52 луѓе во експлозии во автобусите и подземната железница, исто така се родил и пораснал во близина на ова место.
Оваа исламска секта во Британија управува со дури 1600 регистирани џамии и обучува 80 отсто од сите исламски свештеници во земјата. Потоа тие клерици имаат ислно влијание врз муслиманите во Велика Британија, коишто ги има 2,7 милиони, т.е. нешто повеќе од 5 отсто и нивниот број постојано се зголемува. Во главниот град Лондон тој процент изнесува 12,5 отсто. Со емиграцијата и повеќе од двојната наталитетна стапка, Британија до половината на овој век, а можеби и порано, ќе стане земја со муслиманско мнозинство.
Поради тоа и не е големо изненадување што христијаните во Савил се чувствуваат загрозени и бегаат. Лорен Метјуз, една од ретките преостанати, изјавила: „Ноќе не излегувам од куќа. Момчиња се собираат по улицата, а жените се плашат од нив, бидејќи тие не ги почитуваат белите жени.“ Набргу тоа го увидела и новниарката. Кога тргнала кон џамијата, од прозорците на куќата зачудено ја гледале жени во бурки на кои очигледно им било неверојатно да видат непокриена жена на улица, како да не се работи за град среде Англија! Кога запрашала некое високо момче во бела облека каде се наоѓа џамијата, тој ја плукнал и ѝ се развикал: „Губи се, нема што да бараш овде! И не враќај се!“
Тоа ја довело до заклучок тука дека, иако тоа на англиските либерали им е тешко за варење, тамошните муслимани не сакаат никаков мултикултурализам. Тие сакаат да живеат само со своите. Затоа и прават силен притисок на преостанатите Англичани да се иселат, тропајќи на нивните врати и нудејќи им големи пари за да им ги откупат куќите. 76-годишната Џин Вуд, религиозна старица од тоа место е една од преостанатите. Нејзините деца ја молат да го напушти градот и да замине некаде каде што ќе живее мирно. Таа не го сака тоа, таму е родена и не сака да се сели под притисок. На новинарката и раскажала како не поминале ни 24 часа од смртта на нејзиниот сопруг, а во нејзината куќа на периферијата на Савил соседот муслиман и турнал ливче во кое барал да ѝ ја купи куќата.
„Целиот свој живот живеам тука. Бев во жалост, а на ливчето не пишуваше никакво сочувство, ништо. Но, собрав сили, се јавив на бројот напишан на ливчето и кажав дека куќата не е на продажба и додека сум жива нема ни да биде“, раскажува таа.
Но, муфтијата Пандор вели дека такви нешта не се случуваат. Тој за Радио 4 изјавил дека „white flight“, т.е. бегството на белците не е последица на нивниот расизам, туку на расизмот на белците. „Кој би купил куќа веднаш до мојата?“, прашува Пандор. „Тоа сигурно нема да го стори некаков белец, па така ја купи вујко ми. И тогаш што се случи? Типот отспротива си кажа – по ѓаволите и ова, јас си одам – и си замина.“