Иако папараците денес се познати по својата нападност, па дури и подмолност, пред 1950 немало такво нешто и ѕвездите можеле слободно да ја посетат локалната продавница без разлика на тоа колку неугледно изгледаат во моментот. Елио Сорчи, човекот кој се смета за прв папарацо, работел во текот на 50-те и 60-те, сликајќи ги најиконските фотографии на познатите како Одри Хепберн, Елизабет Тејлор и Клинт Иствуд. Неговите гламурозни дела се реиздадени во „Папарацо“ и претставува своевидна историја на шоу бизнисот. Изразот „папарацо“ потекнува од филмот „Сладок живот“ на Федерико Фелини во кој се опишува за новинар кој работи за жолтиот печат. Во текот на 60-те изразот веќе почнал да означува фотограф кој ги слика познатите од заседа. Во 1963 г. Сорчи бил прогласен за најплатениот фотограф во светот.
Бјанка и Мик Џегер, Рим, 1979
Одри Хепберн купува намирници, Рим, 1961
Софиа Лорен влегува во возило а премиерата на филмот „Си беше еднаш на времето“
Голди Хон за време на филмот „Патување со Анита“, 1978
Додо Д`Хамбург сликана низ клучалка, Рим, 1960
Брижит Бардо грицка трева за време на пауза во Фиесоле, Тоскана, 1962
Елизабет Тејлор за време на доделувањето на наградата Дејвид Донатело во Рим, 1962
Џеки Кенеди Оназис со Аристотел Оназис во Рим, 1973
Клинт Иствуд се вози на скејтборд во Рим, 1965
Роман Полански и Шерон Тејт на ручек во Рим, 1968
Џина Лолобриџида разговара со Елизабет Тејлор, Рим, 1968