На интернет се појави видео клип кој го рекламира создавањето на „Исламска држава Германија“. На видеото се гледа како над Брандербуршката порта (бившата граница меѓу Источен и Западен Берлин) се вее знамето на џихадистичката групација. Авторите на видеото не ја пропуштиле ниту Келнската катедрала. Над познатата црвка се монтирани неколку полумесеци. За време на познатиот Октобер Фест веќе не се продава никаков алкохол.
Ова видео предизвика остра реакција од страна на повеќе медиуми во Германија. Неколку од најголемите весници во Германија директно го обвинија Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД, бидејќи клипот всушност и не е објавен од исламисти, туку од крајно конзервативната организација „Обезбедете ја Америка сега“. Нејзиниот претседател Винсент Харис одрекува дека видео кадрите имаат некаква врска со трката за влез во Белата Куќа.
„Темата за бегалците и Германија е интересна за многу луѓе и заради тоа го направивме ова виде“, изјавил тој.