На 20 октомври, Американското здружение за човечка генетика одржа годишно собрание и заклучокот до кој дојдоа е зашеметувачки. Податоците кои ги собрале покажуваат дека племе од Меланезија можеби има некои чудни гени во нивната ДНК. Генетичарите веруваат дека непрепознаената ДНК припаѓа на досега неоткриен вид хуманоиди.

an01

Според Рајан Болендер, еден од истражувачите вклучени во студијата, таа ДНК не припаѓа ниту на Неандердалците, ниту на Денисованите, туку на некој сосема различен човечки вид. „Ни недостасува цела една популација, или пак погрешно сме разбрале нешто за односите“, изјавил тој.

an02

Денисованите припаѓаат на изумрен вид на родот хоминиди. Името го добиле по пештерата Денисова во Алтајските планини на Сибир, кадешто бил најден првиот коскен фрагмент кој припаѓал на овој вид. За овие наши роднини се знае многу малку.

„Човечката историја е многу покомплицирана отколку што си мислевме“, вели Болендер. „Со претпоставки за бројот на тоа население и понеодамнешните податоци за населението од литературата, проценуваме дека периодот на разделување поеѓу архаичниот и современиот човек паѓа пред околу 440 000 години.

an03

Љубителите на мистерии и теории на заговор веднаш ќе го препознаат овој период и само ќе кажат – Анунаки. Според старите писанија како Библијата и сумерските митови, дванаесеттата планета, позната како Нибиру, била населена од човеколики суштества многу слични на луѓето. Откако се соочиле со тежок проблем со нивната атмосфера, тие тргнале низ сончевиот систем во потрага по злато, специјален метал со кој би ја исцелиле нивната планета.

Кога пред 432 000 години Нибиру се приближила до Земјината орбита, тие суштества употребиле вселенски бродови преку кои пренеле луѓе и добра од нивната планета до Земјата. Откако стигнале на површината, тие напреднати суштества воспоставиле своја база во древна Месопотамија. Многумина веруваат дека така всушност се родил и современиот хомо сапиенс – во генетските лаборатории на Анунаките. И луѓето кои веруваат во оваа теорија сметаат дека токму темелните генетски истражувања би можеле да покажат дека ова е вистина.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено