Пациентка која испуштилa гас за време на хируршка интервенција завршила со изгореници откако ласерот го запалил гасот, што резултирало со силна екплозија, известила во петок Медицинската универзитетска болница во Токио. Додека хирурзите го оперирале грлото на матката на жената, таа сипуштила гас, а ласерот кој го користеле хирурзите го запалил истиот. Како резултат на тоа, долниот дел од нејзиното тело се здобил со значителни повреди.

sr

„Кога стомачниот гас на пациентката протекол во операционата сала, тој се запалил од зрачењето на ласерот“, се вели во извештајот, „пламенот се проширил и стигнал до хируршката покрива, што предизвикало оган.“

Тимот експерти задолжен да го истражи инцидентот заклучил дека немало други запаливи материјали во текот на операцијата, и дека опремата била исправна, со што се потврдило дека виновник за инцидентот е подуеноста на жената.

Сподели на Facebook
пати видено