Можеби ќе се покаже дека навистина има изгубен континент. Експерти открија дека недостасува половина од копнената маса на Евразија и Индија. Според научниците, половина од земјената површина која постоела пред 60 милиони одини денес веќе ја нема. Во минатото научниците сметале дека е невозможно да се случи нешто во вакви големи размери. Студија неодамна објавена во научното списание „Геонаука на природата“ открива извесен број откритија кои ќе предизвикаат револуција во поглед на тоа што досега беше познато за однесувањето на тектонските плочи.
Истражувањето, спроведено од научници при Чикашкиот универзитет, било спроведено со цел детално да се истражи колизијата меѓу евразиските и индиските тектонски плочи, што започнало пред околу 60 милиони години и сѐ уште се во бавно движење, при што на тоа се должат и многу феномени, како и појавата на Хималаите. Експертите искористиле бројни податочни извори со цел да го откријат првичното место на двата континента пред да се судрат еден со друг.
„Тоа што откривме едека половина од масата што ја имало таму пред 60 милиони години денес недостасува од површината на земјата“, вели Микела Ингалс, докторантка по геофизички науки која го предводела проектот како дел од нејзиниот докторски труд. Истражувачите заклучиле дека резултатите биле целосно неочекувани.
Откако ги разгледале сите можности за тоа што се случило, експертите заклучиле дека недосатокот на таква хомогена маса научно би можел да се објасни единствено ако таа земјена маса се вратила назад во Земјината обвивка, нешто што научниците сметале дека не може да се случи во такви размери.
Оваа нова теорија разјаснува некои феномени кои ги збунувале научниците од минатото, како што се присуството на олово и ураниум во вулканската лава. Овие елементи се присутни до Земјината кора, но се многу ретки во обвивката. Можноста дел од земјината површина да бил проголтан во внатрешноста на планетата објаснува зошто овие елементи се присутни во магмата.
„Навистина има значителни количества од Земјината кора кои исчезнале и единственото место каде тие површини можеле да заминат е во Земјината обвивка“, вели Дејвид Раули, професор по геофизички науки, соработник во проектот. „Порано се мислеше дека обвивката и кората се во релативно незначително взаимодејствие. Овој труд покажува дека, барем во извесни околности, тоа не е точно. Од нашиот труд се подразбира дека, ако на судирот Индија-Азија гледаме како на продолжителен процес во историјата на Земјата, се случува продолжително мешање на континенталните површински елементи назад во Земјината обвивка“, вели Раули. „Тие повторно можат да се појават во некои вулкански материјали кои денес излегуваат од обвивката.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.