Шенон Скривенс може да се сети на секој детал од нејзиното прво сексуално искуство со друга жена. Водката која претходно ја испила ги ослободила нејзините инхибиции, мирисот на парфемот, музиката на Дејвид Боуви. Потоа, додека се облекувале пред нејзината мајка да се врати од работа, таа и нејзината пријателка се договориле тоа што се случило да не ја уништи нивната инаку платонска врска. Но, 18-годишната Шенон не е сосема сигурна дали навистина уживала во искуството.

FML-FRANCESCA DEAN'YOUNG BI SEXUAL'

„Беше разочарувачко бидејќи мислам дека моите чувства кон жените се повеќе романтични отколку сексуални“, вели таа. „Но, сѐ уште ме привлекуваат и двата пола и себеси се опишувам како бисексуална.“

Колку и да звучи збунувачки за некои луѓе – а понекогаш и самата таа е збунета кога зборува за својата сексуалност – Шенон не е единствената. Според неодамнешните бројки од Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија, бројот на Британци кои себеси се определуваат како бисексуални пораснал до 45 отсто за само три години.

Овој наводен пораст е најзабележителен кај младите. Луѓето на возраст меѓу 16 и 24 години кои себеси се определуваат како бисексуални се побројни од тие кои се определуваат како геј или лезбејки заедно. Анкета од друга организација минатата година покажала дека повеќе од половина од младите луѓе себеси се доживуваат како нешто друго од 100-посто хетеросексуални.

Што е тоа што ја поттикнала оваа изненадувачка промена во сексуалните вкусови кај младите генерации? Дали е можно половина од младото население да биде сексуално флуидна? Или тие се определуваат така за да се вклопат во нешто што несомнено станува последна мода?

Еден поглед кон растечката листа на млади славни личности кои тврдат дека ги привлекуваат и двата пола е сосема доволен да се објасни сеизмичката промена во сексуалното однесување. Поп ѕвездите како Мајли Сајрус, Лејди Гага се две личности кои имаат силно влијание врз јавноста со нивната неопределена сексуална ориентација. Потоа, сѐ повеќе телевизиски серии, како на пример Игра на троновите, исто така ја промовираат бисексуалноста преку нивните бисексуални ликови. Што ни кажува сево ова?

Сподели на Facebook
пати видено