Петгодишно момче било најдено како чекори крај прометен пат, обидувајќи се да стигне дома пеш наместо да се качи во автобусот во кој училишните мангупи по него фрлале парчиња хартија кои претходно ги џвакале во уста. Кенет Хотард од Хума, Луизијана, ја излажал својата учителка така што ѝ дал белешка од неговата мајка во која таа му дозволила да пешачи наместо да се качи во училишниот автобус.
Подоцна некој непознат го нашол речиси километар подалеку од училиштето како оди во погрешен правец и пријавил во полиција. Неговата мајка Кетлин, која вообичаено го пречекува од автобусот била шокирана кога автобусот застанал, но нејзиниот син не излегол од него.
„Вообичаено ќе го слушнам автобусот и излегувам да го пречекам. Возачот ја отвори вратата, а мојот син не беше во автобусот.“
Кога возачот ѝ кажал дека не знаел каде е син ѝ, таа се преплашила.
„Добивате мачнина во стомакот бидејќи не знаете каде ви е детето. Не знаете дали е добро и дали плаче за вас.“
Кенет кажал дека не сакал да оди со автобус бидејќи го задевале.
„Секоја недела тие фрлаат хартија со плунка, и тие ми влегуваат во уво“, кажал тој.
Кетлин вели дека училишниот надзорник ѝ кажал дека истражува што се случило. Таа вели дека одговорноста треба да си ја презеде училиштето.
„Не сакам никој друг родител да го почувствува тоа што јас го почувствував. Не сакам ничие друго дете да се најде крај патот, само и исплашено.“