Пред 5000 години, една не толку древна цивилизација која се разила на просторот на денешен Перу развила напредни методи на полето на агрономијата, медицината и градителството. Според археолозите, Карал е од големо значење, бидејќи тие веруваат дека тоа е една од првите софистицирани цивилизации на американскиот континент, наоѓајќи се на листата на малкуте цивилизации кои се развиле без пишана форма на комуникација.

Пред околу 5000 години, древните Перуанци се населиле во Карал и создале една од најнапредните и најстари цивилизации во Јужна Америка. Нивните познавања во повеќе научни дисциплини ги оставаат збунети денешните научници кои не можат да најдат одговор на многу мистерии зад една од најголемите јужноамерикански цивилизации која се развила независно.

kr

Според научникот Рут Шејди, древните жители на Карал основале лаборатории за да изработат земјоделски календар и да ги предвидуваат климатските настани. Ова им овозможило да ги определат сезоните за садење и жетва, како и промените во природата за да можат да им се прилагодат. Карал се најде на насловните страници во 2001 година кога археолозите и истражувачите кои работат на локалитетот го датирале материјалот најден во неверојатниот град дури до 2627 г. пр.н.е. Градот е комплекс од пирамиди, кружни плоштади и скалила кои го демонстрираат знаењето и моќта на оваа значајна култура.

Според археолозите, пирамидите во Карал се изградени во исто време како и египетските пирамиди. Овие сложени градби се доказ за генијалноста на древниот човек, кој бил способен да ги крене овие неверојатни споменици, прецисно осмислени и изградени, и го докажуваат нивото на организација и планирање на градителите. Тоа е неверојатно добро зачуван локалитет, веројатно благодарение на неговото доцно откривање и поради тоа што на локалитетот немало злато и сребро кои би ги привлекле дивокопачите и ловците по богатство. Градскиот план, спомениците и елитните градби покажуваат јасни знаци за обредни функции, што ни кажува дека Карал имал моќна религиозна идеологија.

„Што се однесува до експлоатацијата на енергијата и водоводниот систем, Карал го искористувал ветрот, нешто што сега е познато како ефектот Вентури. Сѐ уште останува длабока мистерија како древните жители успеале да ја развијат оваа технологија, со оглед на тоа што официјално се смета дека истата била откриена во 1740 година

„Што се однесува до фармацевтството, откривме дека жителите на Карал ја употребувале врбата, која ги содржи активните хемиски состојки на аспиринот, кои ублажуваат главоболки и слично“, велат истражувачите.

Едно од најзначајните нешта кои треба да се спомнат за Карал е дека таму не било најдено никакво оружје, што посочува дека тоа било мирољубива и високо развиена култура.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено