Кога одите во болница, не би требало да се грижите дека ќе ве прогласат мртви по грешка и ќе ве закопаат живи (клучниот израз тука е не би требало).

Но стравот од тоа да се биде закопан жив во определен дел од историјата воопшто не бил ирационален страв. Пред развојот на медицинската технологија, воопшто не било тешко да се случат вакви грешки. Во 1905 г. биле забележани околу 368 случаи на закопување живи луѓе во Англија. Тоа е повеќе од еден погреб дневно. Иако во денешно време е редок случај, шокантно е тоа што сепак сѐ уште се случува.

Романтичнот состанок кој завршил со смрт

prg01

Мина Ел Хуари, 25-годишна Французинка, решила да се впушти во авантурите на онлајн романтиката. Откако ја поминала ноќта со маж со кој се запознала на интернет во неговиот дом во Мароко, наеднаш ѝ се слошило и се онесвестила. Човекот помислил дека е мртва. Плашејќи се дека властите ќе обвинат него, решава да ги земе нештата во свои раце и ја закопува Мина во својот двор. Се испоставило дека Мина страдала од дијабетес и паднала во дијабетична кома. За жал, умрела од задушување пред да биде најдена од властите.

Ненамерниот гроб

prg02

Стивен Смол бил богат медиумски магнат кој бил грабнат. Неговите грабнувачи се надевале во замена да добијат откуп од една милијарда долари. Го криеле Смол под земја, снабдувајќи го со вода и воздух преку мала цевка. За несреќа, во цевката навлегол песок и тој умрел пред злосторниците да го добијат откупот.

Врисоци одоздола

prg03

После долгата битка со рак, една 45-годишна жена од северна Грција била прогласена мртва. Неколку часа после закопот, посетителите на гробиштата ги слушнале нејзините врисоци од под земјата. Но, додека да успеат да го отворат ковчегот, жената умрела.

Жив човек во мртовечницата

Morgue

Анџело имал 19 години кога неговиот моторцикл удрил во тротоарот во неговото село во Франција. Несреќата толку го унаказила неговото лице, што неговите родители не можеле да го гледаат телото. Бил прогласен мртов и однесен во мртовечницата. Дури кога осигурителните инспектори го прегледале телото, забележале дека човекот е сѐ уште жив. Итно бил однесен в болница и оживен. Подоцна измислил систем на ѕвонци кој се ставал во гробот во случај закопаниот да е сѐ уште жив.

Бразилското „зомби“

prg05

Една жена во Бразил била на градските гробишта кога забележала како еден од гробовите се придвижува. Потоа била шокирана како од гробот излегува човек како зомби во хорор филм. Брзо повикала помош и човекот бил извлечен од гробот. Се открило дека се степал со некои ноќта пред да исчезне. Неговите напаѓачи помислиле дека е мртов и набрзина му ископале гроб за да се ослободат од телото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено