Бритиш Ервејс суспендирале пилот откако се појавиле слики со него како се самозадоволува во пилотската кабина. Иако Колин Гловер, татко на едно дете, одрекува дека тој е личноста на фотографиите, компанијата во која работел 26 години смета дека е соодветно привремено да го ослободи од неговите обврски. Фотографиите, за кои се смета дека се снимени на најмалку два различни авиони, прикажуваат човек во чорапи, со нозете кренати врз управувачот на авионот, додека на други истиот може да се види разголен и со порнографски списанија на контролниот пулт.
Авиоекспертот Крис Јејтс смета дека ова може да биде многу опасно ако авионот е среде лет.
„Кога летате, може да влетате во сериозни турбуленции. Овој случај го сфаќаме многу сериозно и истражуваме што навистина се случувало.“
Овие фотографии се последниот скандал во редицата сериозни инциденти сврзани со Бритиш Ервејс. Ова се случува само неколку месеци откако двајца пилоти се нашле под истрага откако наводно се степале во бар.