Исфрлањето на мртво тело во вселената би можело да биде клучот кон создавањето вонземјани, сметаат научниците. Со тоа би се овозможил развој на живи организми на други места во вселената. За телото да се одржи во вселената, потребни се повеќе чинители. Прво, температурата на телото треба да се одржува над точката на замрзнување, а сепак да не биде претпло за се одржи течноста. Вообичаено живите организми би умреле во вселената, но ако телото е ставено во посебен вселенски костум, тие би имале поголеми шанси за преживување.

telo

Покрај тоа, времетраењето на летот исто така би играло пресудна улога. Научниците сметаат дека ако телото патува со стапка на нормален сателит, би му требале 4,2 светлосни години да пристигне до друг ѕвезден систем. Колку подолго патува телото, толку помали изгледи за преживување би имале микробите. Сепак, некои организми можат да преживеат повисоки нивоа на радијација.

Џек Шостак од универзитетот во Глазгов вели: „Молекулите кои би се ослободиле од астронаутот во распаѓање би можеле да поттикнат развој на нов живот, доколку има барем минимални услови за тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено