Раперот Мојс Моренси патувал кон Квинс, кога забележал како „пијан човек допира девојка без нејзина согласност“, како што опишал на Фејсбук. Моренси се вмешал и почнал да му вика на човекот да престане, кажувајќи му на друг патник да го извади телефонот и да почне да снима.

„Се враќам јас накај дома од студио по завршувањето на мојот деби микс „Хрониките на една роза од гетото“ и си седам јас во задниот дел од автобусот, кога овој пијан тип станува и ѝ зборува секакви сексуални глупости на девојчето кое седеше до мене.“

Моренси се наведнал и го зграпчил човекот кој ѝ се нафрлувал на тинејџерката.

„Ако уште еднаш ја допреш девојката без нејзината дозвола, знаеш ли што ќе ти направам?!“ му свикал Моренси на човекот кому претходно му го раскрварил носот. „Никогаш порано да не си правел такво нешто! Ме слушаш? Ме слушаш ли?“

rp01

Манијакот почнал да му упатува расистички навреди и почнал да ја допира девојката. Била повикана полиција која се качила во автобусот и ги уапсила и двајцата, додека да откријат што се случило. Моренси на крајот бил пуштен на слобода, а 36-годишниот Пабло Левано бил уапсен за насилно допирање. Еден од полицајците потоа му пришол на Моренси и му пружил рака за тоа што го сторил.

rp03

„Ми рече `ти си херој` и ми ја стисна раката, велејќи `и јас бев како тебе пред 20 години` и тоа ме трогна“, раскажува Моренси. „Упатувам апел кон другите мажи да интервенираат кога некој сексуално злоставува некого. Тоа е одвратно!“

rp05

Оваа негова објава наишла на бројни коментари, при што многумина го пофалуваат за стореното, заклучувајќи дека денес повеќето не би сториле ништо во одбрана на жртвата, туку би ги извадиле телефоните да снимаат кикотејќи се.

rp07

Сподели на Facebook
пати видено