Никој од нас не може да посветува внимание на сите луѓе околу нас, бидејќи едноставно немаме ниту време, ниту умствени капацитети за тоа. Повеќето од нас се трудат да ги забележуваат луѓето, но се чини дека ако многу се збогатиме, тоа веќе нема да биде така. Сѐ поголем број истражувања покажуваат дека парите го менуваат начинот на кој луѓето гледаат (или не гледаат) на другите луѓе и нивните проблеми.
Последната таква студија е објавена во списанието „Психолошка наука“, а во неа психолози од Њујоршкиот универзитет посочуваат дека богатите луѓе несвесно обрнуваат помалку внимание на другите. Истражувачите ги опишале начините на кои го спровеле истражувањето.
Според некои психолошки теории, посветуваме повеќе внимание на нештата за кои сметаме дека се важни за нас, било затоа што мислиме дека претставуваат некаква закана или затоа што мислиме дека ќе ни донесат некаква награда.
Во истражувањето биле вклучени 61 човек, кои шетале по Њујорк носејќи Гугл очила. По шетањето, испитаниците на кои им било кажано дека тестираат очила, морале да пополнат прашалник во кој го наведувале општествениот слој во кој спроед нив припаѓаат. Притоа било забележано дека личностите кои себеси се опишале како богати не обрнувале еднакво внимание на минувачите како тие кои се опишале дека припаѓаат на пониските општествени категории.
Во друго истражување, истражувачите се обиделе да откријат дали времето кои го минуваме посветувајќи внимание на другите е последица на свесна одлука или на спонтана когнитивна реакција. Во интернет истражувањето биле вклучени 400 луѓе кои гледале фотографии на кои имало лице и неколку предмети, но со суптилна разлика меѓу нив. Две фотографии би се менувале додека испитаникот не би забележал дека има разлика на нив, било на лицето на човекот, било на предметите.
Се покажало дека луѓето кои себеси се идентификувале како помалку богати побргу ги препознавале промените на лицето од тие кои за себе кажале дека се богати.
„Бројни истражувања утврдиле дека луѓето побргу ќе предизвикаат внимание на луѓе од пониската класа отколку кај луѓе од повисоката“, изјавила Пиа Диеце од Њујоршкиот универзитет.