Како мало девојче, Ноелија Гарела на училиште била навредувана со погрдни зборови како „чудовиште“. Сега, повеќе од две децении, таа се вратила во училницата за да докаже дека тие кои ја малтретирале погрешиле, бидејќи станала првата учителка со Даунов синдром во Латинска Америка. 31-годишната Ноелија морала да пробие цел еден ѕид од предрасуди за да го оствари својот сон од детството да стане учителка.

ds01

Но, маките низ кои морала да мине ја направиле само порешителна да успее. Кога еден административец ѝ рекол дека нема да може да предава, нејзините родители и други блиски луѓе лобирале во нејзинот име.

Александра Сенестрари била првата која ѝ дала работа на оелија и на локалните медиуми им раскажала за нејзиниот инспиративен подвиг, со цел да ги разбие сомневањата на луѓето кон неа.

ds02 ds03

„Имаше луѓе на значајни места кои беа убедени дека не е возможно лице со Даунов синром да предава. Но, со текот на времето дури и тие кои се спротивставуваа се придружија на иницијативата Ное да стане учителка. Многу бргу увидовме дека таа има силен порив. На децата од предучилишна возраст таа им го дава најскапоценото, а тоа е љубов.“

ds05

Ноелија подучува деца на две и тригодишна возраст да читаат во градинката Хермонито во аргентискиот град Кордоба. Таа вели дека нејзината љубов кон децата е причината поради која посакала да стане учителка, и тоа го сака уште од кога памети за себе.

„Го обожавам ова“, вели таа. „Уште од кога бев мала, отсекогаш сакав да станам учителка, бидејќи толку многу ги сакам децата. Сакам да ги научам да читаат и да слушаат, бидејќи во општеството луѓето мораат да се слушаат едни со други.“

ds06

За неа бил особен предизвик да подучува и едно дете со Даунов синдром во нејзиното одделение.

„Во моето одделение има едно момче со Даунов синдром. Тој е прекрасен. Прекрасно е тоа што се родил некој како мене.“

Нејзината директорка Сузана Зердан вели дека таа треба да им служи за пример на сите.

„Беше уникатно искуство за персоналот“, вели таа. „Начинот на кој децата сосема природно ја прифаќаат е животна лекција за сите нас.“

Сподели на Facebook
пати видено