Островот Гајола (Isola della Gaiola) е мал италијански остров кој се наоѓа во близина на Неапол, во срцето на подводниот парк Гајола, заштитен регион од околу половина километар квадратен. Островот го добил своето име по пештерите долж брегот Посилипо. Ова место било високо ценето од древните Римјани, кои изградиле храм посветен на Венера на овој остров кој тогаш бил познат под името „Еуплеа“. Се вели дека легендарниот поет Овидиј го претпочитал овој остров и таму ги подучувал своите ученици. Во 19-тиот век на островот била распоредена артилериска единица за одбрана на Неаполскиот залив.
Кружат многу легенди според кои ова место е проколнато. Во раните 1800-ти, на ова место живеел пустиножител наречен „Волшебникот“, кој преживувал благодарение на дарежливоста на рибарите. Набргу потоа на островот била изградена вила која постои и ден денес, а која во еден период била во сопственост на Норман Даглас, автор на „Земја на сирената“. Без предупредување, „Волшебникот“ мистериозно исчезнал. Многу жители веруваат дека пред да си замине, тој го проколнал островот, и на луѓето кои потоа живееле на него им се случиле разни несреќи. Сите доживеале чудни судбини.
Серијата несреќи започнала некаде во 1920-тите, кога тогашниот сопственик на вилата, Швајцарецот по име Ханс Браун, бил најден мртов завиткан во тепих. Набргу потоа, неговата сопруга се удавила во морето. Следниот сопственик бил Германецот Ото Грунбак, кој умрел од срцев удар додека престојувал во вилата. Морис Ив Сандоз, следниот сопственик, подоцна извршил самоубиство во швајцарска ментална институција. Островот исто така припаѓал и на Џани Ањели, сопственикот на Фиат, кому му умреле многу роднини. Следниот кој го купил островот бил мултимилијардерот Пол Гети, по што набргу бил киднапиран неговиот внук. Последниот сопственик Џанпасквале Грапоне, кој поседувал осигурителна компанија, на крајот завршил во затвор поради долгови.
Сега островот стои напуштен, бидејќи сите се плашат да живеат на него, па така имотот на него стои запуштен и прооаѓа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.