Разговараат три глувчиња. Првото рекло:
– Мене кога ми е досадно и нема што да правам, наоѓам некоја стапица за глувци, влегувам и го јадам сирењето без ништо да ми биде.
– Тоа не е ништо! – Рекло второто. – Мене кога ми е досадно, земам едно ќесе отров за глувци, си јадам додека пијам пиво и гледам телевизија и ништо не ми се случува.
Третото глувче рекло со чудење:
– Многу сте храбри, јас не можам да се споредувам со вас. А сега мора да одам, треба да ја „опнам“ мачката!