Ментално силните луѓе не се откажуваат и не ја даваат својата лична моќ, а тоа не секогаш е лесно. Понекогаш врз расположението силно влијае непосредната околина, а со тоа и врз успехот и личната среќа. Како да се постигне релативна независност, советува Ејми Морин, социјален работник, психотерапевт и автор на книгата „13 нешта кои ментално силните луѓе не ги прават“.

ps

1. Не трошете си ја енергијата на поплаки

Има голема разлика помеѓу постојаното жалење и решавањето на проблемот. Тоа што ќе си олесните поплакувајќи им се на вашите пријатели, семејството, или на вашите соработници всушност ве одржува фокусирани на проблемот и ве спречува да изнајдете решение. Со постојаните поплаки се наметнува чувството дека немате моќ врз ситуацијата, како ни контрола врз вашето однесување.

2. Преземете ја одговорноста за тоа како се чувствувате

Не дозволувајте однесувањето на другите луѓе да диктира како вие ќе се чувствувате. Ако кажете дека важата свекрва прави да се чувствувате лошо, или дека вашиот шеф ве прави да се чуствувате бесни, тоа сугерира дека тие се надмоќни и силно влијаат врз тоа како се чувствувате. Наместо тоа, преземете ја одговорноста вие да решавате и управувате со вашите чувства, без разлика на однесувањето на другите.

3. Воспоставете здрави граници

Предавањето на наметнато чувство на вина, или пропустот да го искажете својот став, им дава моќ на другите луѓе врз вас. Наместо да ги обвинувате дека ви го трошат времето или ве „присилуваат“ да правите нешто, сфатете дека на крајот на краиштата вие сте тие кои сте одговорни за самите себеси. Воспоставете здрави телесни и емоционални граници кои ви овозможуваат контрола врз тоа како ќе го трошите вашето време и со кого ќе го минувате.

5. Простувајте

Држењето лутина кон некого кој ве повредил не ја казнува таа личност – казнетите сте само вие! Кога го трошите скапоценото време мислејќи на личност која ви згрешила, си ја одземате способноста да уживате во сегашноста и во вашето време.

Да простите е најдобриот начин да си ја повратите вашата моќ. Но, да расчистиме – прошката не значи дека признавате дека тоа што ви згрешиле било во ред. Се работи да изберете сета болка и гнев кои ви попречуваат да уживате во животот да ги оставите зад себе.

5. Спознајте ги вашите вредности

Кога не сте сигурни кои се вашите вредности, се изложувате на ризик да станете беспомошен слеп патник, наместо да бидете возачот во вашиот живот со цврста самодоверба. Ризикувате да се поведувате по идеи на други луѓе и лесно може да скршнете од својот пат. Утврдете кои се вашите вредности и што е тоа што е навистина значајно за вас.

6. Не трошете си го вашето време на деструктивни мисли

Дали некогаш сте се вратиле од работа и целата вечер сте ја минале посакувајќи следниот ден да не мора да одите? И одеднаш, вашето осумчасовно работно време ви одзема дванаесет часа од денот. Преземете ја контролата врз вашите мисли за да не мора да си ја трошите силата на нешта кои тоа не го заслужуваат.

7. Избегнувајте изрази од кои може да се заклучи дека сте жртва

Велењето нешта како „Морам да работам 60 часа неделно“ или „Немав друг избор освен да кажам да“, наметнува заклучок дека сте жртва на несреќни околности. Иако со сигурност секогаш ќе има последици за одлуките кои ги донесувате, разберете дека секогаш имате избор.

8. Бидете независни од мислењата на другите луѓе

Ако вашата самопочит зависи од тоа колку ве ценат другите, веројатно ќе станете личност која очајно се труди да ги задоволи другите. Не мора секој да ве сака, ниту да се согласува со вашиот стил на живот. Ценете ја конструктивната критика, но никогаш не дозволувајте нечие мислење да ја определува вашата самопочит и чуството за сопствена вредност.

9. Бидете волни да се издвоите од толпата

Сомнежот во себе и стравот можат да доведат да се стопите со тие околу вас. Но, тоа може да доведе до прикривање на вашата вистинска личност. Имајте верба во себе и во тоа дека сте ментално силна личност, доволно силна за да се издвоите и да се осмелите да бидете различни.

Сподели на Facebook
пати видено