Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот изјавил дека неговите деца нема да видат ниту цент од неговото богатство по неговата смрт. Шефот на Мајкрософт открива дека своето богатство кое се проценува на 80 милијарди долари ќе го донира во добротворни цели. Гејтс има три деца и вели дека сите ја почитуваат неговата одлука.

bg

„Слушајте, на моите деца им обезбедив сјајно образование и им дадов можност самите да направат големи кариери. Се разбира, добиваат и малку пари, но уверен сум дека се способни самите да си заработат доволно за пристоен живот.“

Гејтс вели дека би било многу лошо неговите деца да наоѓаат потпора во неговото големо богатство.

„Кажаа дека се горди на мојата одлука. Особено со оглед на тоа што тие пари ќе помогнат деца од ширум светот да се образоваат и да живеат поздраво. Парите всушност и служат за помагање на најсиромашните. Моите деца го знаат тоа и целосно го разбираат моето решение. Впрочем, затоа и патуваме заедно за да видат како стојат работите.“

Сподели на Facebook
пати видено