Тинејџер од Џорџија претрпел тежок потрес на мозокот додека играл фудбал – и се разбудил течно зборувајќи шпански, и покрај тоа што никогаш порано не го говорел тој јазик. 16-годишниот Рубен Нсемох е голман на елитен јуниорски фудбалски клуб во Атланта. За време на натпревар минатиот месец, средношколецот бил клоцнат во глава, по што почнал да добива напади.

fd01

„Дојде брза помош и тие рекоа дека има напади затоа што можеби има крварење во мозокот“, изјавил неговиот тренер Бруно Калонџи. Потресот предизвикал Нсемох да падне во кома која траела три дена. Кога се разбудил, повеќе не знаел англиски, но затоа течно прозборел шпански – јазик кој никогаш порано ниту го учел, ниту го зборувал. Подоцна, кога му се повратило сеќавањето за англискиот, кажал за медиумите дека бил изложен на шланскиот јазик благодарение на неговите пријатели од шпанското говорно подрачје. Тој смета дека таа изложеност ја одиграла главната улога во чудната промена на говорниот јазик.

fd02

Според стручните лица, травматичните мозочни повреди можат да предизвикаат краткорочни, но и долгорочни промени во поглед на јазикот, сетилата и чувствата. Нсемох и порано добивал потреси на мозокот играјќи фудбал и вели дека спортот е неговата животна страст.

„Тоа е единственото нешто кое го сакам како кариера“, изјавил тој.

Неговиот тренер вели дека отсега тој ќе мора да носи шлем.

„Ова може да се случи дури и за време на тренинг. И ако децата добијат два или повеќе потреси по ред, пожелно е да носат заштита“, вели тој.

Пријател на семејството на Нсемох поставил GoFundMe страница за да собере пари за неговите насобрани трошоци за лекување.

„За жал, нападите на Рубин не престанаа, а се насобраа и трошоците за лекување“, стои на страницата. Досега се собрани 9 650 долари од зацртаната цел од 25 000 долари.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено