– Ало, здраво.
– Здраво.
– Вечерва ќе пиеме, доаѓаш ли?
– Да, да, доаѓам. А кој е на телефон?

– – – – – – –

– Разбираш ли толку силно ја сакав, со сета своја душа! Како само се однесував со неа! А таа сега е кај друг…
– Другар, како не ти здосади постојано да зборуваш за твојот автомобил?

– – – – – – –

Брадата не те прави маж! Затоа, воопшто да не ти е гајле, Мими.

– – – – – – –

Малиот син трча кај својот татко:
– Тато, тато, прдежите тешки ли се?
– Не, сине.
– Значи сум се покакал…

– – – – – – –

Си фатив нова девојка и мислев дека сум неверојатен љубовник се додека не дознав декан таа имала астма.

– – – – – – –

Аман веќе од колегите што ги откажале цигарите…
Од сабајле тројца такви ми ги испушија моите…

– – – – – – –

Драг дневнику,
Денеска е трет ден од мојата диета. Се степав со кученцето за една бисквита во форма на коска…

– – – – – – –

– Се враќам порано од службено патување, веднаш го отворам шифоњерот – празно, под креветот – празно, во фрижидерот – празно…
– А жена ти, како реагираше?
– Не сум женет, бе! Ме ограбиле…

– – – – – – –

– Ти која си?
– Заспаната убавица.
– А зошто изгледаш толку страшно?
– Па сега станувам…

– – – – – – –

Жената:
– Ти бе, сите пари ги трошиш по кафаните!
Мажот:
– А ти па си купуваш шминки од 100 евра!
Жената:
– Јас ги купувам, за да сум убава за тебе.
Мажот:
– Па и јас пијам за да си ми убава.

– – – – – – –

Отидов на стоматолог и ми рече да не јадам два часа. Мајтапчија! Уште кога ја видов сметката сфатив дека нема да јадам барем две недели!

– – – – – – –

Седат куп гулаби на жиците и гледаат како маж си го пере својот автомобил.
– Ej, што ни ги бришеш коментарите бе?!

– – – – – – –

– Ех да ја слушав мајка ми што ми зборуваше …
– А што ти зборуваше?
– Па ти велам… не ја слушав.

– – – – – – –

По телефон:
– Мамо, не грижи се, но во болница сум…
– Иван, веќе 8 години си доктор. Престани секој телефонски разговор да го започнуваш со оваа фраза!

– – – – – – –

– Брат, ти нели заврши право?
– Да.
– А да те овластам да слезеш до продавница да ми земеш една кутија цигари, и така и така седиш без работа…

– – – – – – –

– Тато, јас среќен ли сум?
– Се разбира, синко. Против твојата среќа и кондомот и абортусот беа немоќни.

– – – – – – –

Во продавница за накит:
– Колку чини овој прстен?
– 1150 евра, госпоѓо.
– Хорор, а овој?
– Овој е два хорори и половина…

– – – – – – –

– Сонце мое, ќе имаме гости, приготви нешто за вечера.
– Нема проблем душо, а како да го приготвам, да дојдат пак или повеќе да не доаѓаат?

– – – – – – –

На телефон:
– Мила, каде си?
– Во колата, некој трамвај ме гони, ужас.
– Слези веднаш од шините и вклучи ја навигацијата!
– Не можам, ужас.
– Зошто не можеш?
– Не можам, се скаравме со машиновозачот…

– – – – – – –

Сношти се скаравме со маж ми… Му ставив во супата Виагра…
Леле, како ме молеше, како ми се извинуваше…

Сподели на Facebook
пати видено