Има една поговорка која вели, ако чевлите ви се точни – носете ги. Но, што ако поседувате повеќе чевли и од Имелда Маркос и нив не ги собира во вашиотплакар. Тоа е проблем со кој се соочува сѐ поголем број жени од Британија – бидејќи повеќето о нив веќе поседуваат повеќе од 20-ттина пара чевли. И така, зависничките од купување чевли кои се и големи модни поклоници, се присилени на преземање драстични мерки – да одвојат просторија посветена специјално на нивните скапоцени обувки од позната марка.

cv01

Некои жени дури ги жртвувале и резервните соби за спиење за да се осигураат дека ќе имаат доволно голем простор за да ги сместат нивните огромни колекции на чевли. Кели Хопен, дизајнер за ентериер за ѕвезди како Бекамови, вели дека сѐ повеќе се издвојуваат посебни простории за чевли. „Во последниве години, сѐ повеќе и повеќе клиенти сметаат дека одвојувањето на посебен простор за чување и изложување на нивните чевли е задолжително во луксузното живеење.“

cv02

Некои жени имаат и над 400 пара дизајнерски чевли, кои не ги собира ни во издвоените простории. Што мислат нивните сопрузи за тоа нивниот дом полека да биде преземан од високи потпетици?

42-годишната Џуди Меккорт, поранешен радио и ТВ презентер, живее со својот партнер во Дарлингтон, Велика Британија. има повеќе од 400 чевли кои чинат над 100 000 фунти, а највреден пар ѝ се пурпурните Лубутин чевли, обложени со Сваровски кристали. Овие чевли чинат 2900 евра.

fml-clairechanellebedford04.jpg

„На мојата колекција од повеќе од 400 пара чевли повеќе гледам како на префинети уметнички дела – скапоцени, фалени и за кои е потребна најделикатна грижа. Па така кога се преселив во мојата куќа пред четири години, мислите веднаш ми се свртеа кон тоа каде ќе ми стојат чевлите. Така една од спалните соби ја претворив во соба за чевли. Не беше евтино – ме чинеше над 34 000 евра, но вредеше секој цент. Полиците, плакарите и централниот изложбен простор се рачно изработени од дабово дрво и обоени во крем боја.

Да некои луѓе мислат дека сум луда, но јас на тоа гледам како на инвестиција. На крајот на краиштата, имам пријателки кои трошат стотици евра на долна облека, а други се колекционери на старо вино. Јас собирам чевли, најчесто потпетици. И зошто да не си ги трошам макотрпно заработените пари на нешто што ми носи толкава радост?“ – вели Џуди.

Сподели на Facebook
пати видено