Научниците цврсто веруваат дека решиле една од најголемите мистерии на планетата: Што се случува во енигматичниот Бермудски триаголник? Тие велат дека причина за мистериозните случувања се „шестоаголни“ облаци, кои создаваат некаква чудна формација на облаци која предизвикува ветрови со брзина од 270 километри на час, предизвикувајќи бродовите да се превртат, а авионите да се урнат.
Бермудскиот триаголник огромна област во северниот Атлантик која се простира на површина од 500 000 километри. Наречен е и „Ѓаволскиот триаголник“ и се простира меѓу точки на Бермудските Острови, Флорида и Порторико. Според морнарицата на САД, овој триаголник не постои, а неговото име не е признаено од страна на Одборот за географски имиња на САД.
Но, и покрај тоа, областа е таму и предизвикала бројни катастрофи во текот на историјата. Всушност, Кристофор Колумбо е еден од првите луѓе кои биле сведоци на мистериите на Бермудскиот триаголник. Имено, кога тој впловил во него, забележал нарушување на работата на компасот. Потоа забележал како огнена топка завршила во океанот, како и чудни светлини и временски феномени додека минувал крај оваа област.
За Бермудскиот триаголник проговориле дури и астронаути од САД, како и од Русија, како и пилоти од целиот свет, велејќи дека забележале чудна светлина како и дефекти на електронската опрема.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.