Преслатката Бела Девјаткина гостуваше во руско ТВ шоу, каде си направи муабет со луѓе од државите чии јазици ги зборува. Освен што ги зборува, знае и да ги чита. Погледнете ја како го прочита текстот на француски. А како научила кинески и арапски? Бела почнала да учи јазици на 2 годишна возраст, по иницијатива на нејзините родители кои го виделе генијот во неа, но таа, како и нејзините врснички, сака да стане прекрасна сирена.