Запознајте се со Лизи Веласкез – една од најсмелите и најинспиративни жени на планетата. 27-годишната Американка страда од исклучително ретко заболување, поради кое нејзиното тело воопшто не може да складира масти, како и од Марфанов – генетско заболување на сврзното ткиво. Лизи е родена во март 1989 бодина. Кога се појавила на овој свет, тежела само 1219 грама. Лекарите соопштиле на нејзините родители дека таа никогаш нема да може да зборува ниту пак ќе прооди, но…погрешиле.

lv

Лизи се покажала како многу посилна отколку што сите си мислеле. Денес таа е висока 157 сантиметри, тежи нешто под 30 килограми и има диплома од Тексашкиот универзитет. Во последните неколку години Лизи ги обиколува САД, за да охрабрува и да ги вдахновува луѓето со својата приказна.

Милиони ги гледале нејзините говори на интернет, а салите во кои говори вообичаено се преполни. „Не е нужно да изгледате како топ-модел или филмска ѕвезда, за да бидете среќни или успешни или какви и да посакате да бидете“, советува Лизи.

„Независно каде сте и со какви луѓе сте опкружени, секогаш бидете верни на себеси. Никогаш не се менувајте себеси за да бидете популарни или да создадете нови пријателства. Бидете верни на себеси, бидете горди на човекот кој сте, на вредностите кои ги негувате и од сѐ сврзано со вас самите – и се ќе си дојде на своето место“, советува таа.

Сподели на Facebook
пати видено