Анонимен руски филантроп на своите сограѓани раздал 50 милиони рубљи (околу 715 000 евра). Штедриот богаташ буквално ги засипал улиците на градот Магнитогорск со пликови полни пари. Отпрвин граѓаните си помислиле дека банкнотите се лажни, но при проверка во банката се покажало дека се вистински.

pr

Филантропот во пликовите ставил банкноти од најразлична вредност – од 50 до 5000 рубљи, како и од 1 до 100 долари. Покрај тоа, тој потрошил 1000 евра за поштенски пликови. Новинари од локалното издание Верстов.Инфо успеале да се сврзат со дарежливиот господин, кој открил само дека се вика Артјом. Својата постапка ја објаснил едноставно како желба да им донесе радост на жителите на Мангитогорск.

„Јас сосема добро живеам со сопствените доходи. Тие пари до мене дојдоа случајно и многу лесно, затоа решив со иста таква леснотија да се разделам од нив“, ги открива своите мотиви овој човекољубец, дополнувајќи дека „антикризната акција“ ќе продолжи до Нова Година, кога воочи празникот ќе можат да се најдат и поголеми суми. Од каде ги добил парите со кои толку лесно се разделува – останува мистерија.

Сподели на Facebook
пати видено